Повик за субвенции за продавници за македонско вино

Bez autora
Oct 13 2014

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави јавниот повик за субвенции за отворање специјализирани продавници за вино по потекло од Македонија. Целта е воспоставување унифицирани продавници - две во Скопје и по една во Охрид, Берово, Кавадарци, Струмица, Прилеп, Битола и Крушево. Финансиската поддршка е во висина од 50 отсто од трошоците за опремување на продавницата со исклучок на инвестициите за помошни и санитарни простории, но не повеќе од 1.500.000 денари, 50 проценти од износот на годишнината закупнина, но не повеќе од 30.000 денари месечно и најмногу две просечни плати за двајца вработени. Доделената финансиска поддршка е неповратна.

Повик за субвенции за продавници за македонско виноАгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави јавниот повик за субвенции за отворање специјализирани продавници за вино по потекло од Македонија.

Целта е воспоставување унифицирани продавници - две во Скопје и по една во Охрид, Берово, Кавадарци, Струмица, Прилеп, Битола и Крушево. Финансиската поддршка е во висина од 50 отсто од трошоците за опремување на продавницата со исклучок на инвестициите за помошни и санитарни простории, но не повеќе од 1.500.000 денари, 50 проценти од износот на годишнината закупнина, но не повеќе од 30.000 денари месечно и најмногу две просечни плати за двајца вработени. Доделената финансиска поддршка е неповратна.

„Продавниците ќе имаат бренд-идентитет, со што се унифицира и специфицира логото во македонска и англиска верзија, пакувањето на продадените вина, работната облека на вработените во продавницата, излогот на продавницата и целосното ентериерно решение на продавниците. Со нив ќе се зголеми препознатливоста на македонските вина, а и тие ќе бидат подостапни до домашните и странските потрошувачи“, велат од Агенцијата.

Крајниот рокот за аплицирање е 30 ноември 2014.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik